Јавната здравствена установа Здравствен дом „ д-р Панче Караѓозов“ – Штип е јавна здравствена установа, основана да обезбедува здравствена заштита на подрачјето на Општина Штип и Општина Карбинци
Новости, настани и соопштенија
7 Април – Светскиот ден на здравјето
По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип упатува порака за заедништво, одговорност и доверба во науката како темел на јавното здравје. Под мотото „Заедно за здравјето. Застанете со науката“, овогодинешното...
7-ми април – Светскиот ден на здравјето
Почитувани колеги, Денес, 7-ми април – Светскиот ден на здравјето, не е само одбележување на една дата во календарот. Тој е потсетник на мисијата која сите ние ја живееме секојдневно – да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, да бидеме нивна поддршка во...
Известување за дополнителна смена за имунизација
Службата за превентивна здравствена заштита (Службата за вакцинација) при ЈЗУ Здравствен дом ”д-р Панче Караѓозов” Штип, ги известува граѓаните на општина Штип и општина Карбинци дека од месец Април 2025 година ќе воведе попладневна смена еднаш неделно (секоја среда)...
Правата, обврските и одговорностите на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов“ – Штип се утврдени со закон, колективен договор и други општи акти.
Седиштето на ЈЗУ Здравствен дом „ д-р Панче Караѓозов“ – Штип е во Штип , ул. “ Христијан Карпош “ бр. 1.
Итна медицинска помош и домашно лекување
Превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца
Поливалентна патронажа
Стоматолошката заштита на деца до 14 годишна возраст
Примарна здравствена заштита во рурални срединии
Биохемиско - лабораториска дејност
Рентген дијагностика за заби
Откривање и третман на пречки во говорот кај децата
Обезбедување со лекови
Специјалистичко – консултативна здравствена заштита
Meдицина на трудот
Заштита и унапредување на здравјето на работниците преку превентивни прегледи и процена на работните услови. Целта е рано откривање на професионални заболувања и намалување на ризиците поврзани со работното место.
Спортска медицина
Спортската медицина во овозможува превенција, дијагностика и третман на повреди и заболувања поврзани со физичка активност и спорт. Вклучува советување за правилно вежбање, рехабилитација и подобрување на физичката кондиција кај рекреативци и спортисти.
Законите кои се однесуваат на надлежноста на ЈЗУ ЗД “д-р Панче Караѓозов “ – Штип
- Закон за здравствената заштита
- Закон за работните односи
- Закон за администартивни службеници
- Закон за вработените во јавниот сектор
- Закон за здравственото осигурување
Поважни линкови:
Информации за јавните набавки
Информации за јавните набавки кои ги реализира ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов “ – Штип може да добиете на Електронскиот систем за јавни набавки ( ЕСЈН )



