Почитувани колеги,
Денес, 7-ми април – Светскиот ден на здравјето, не е само одбележување на една дата во календарот. Тој е потсетник на мисијата која сите ние ја живееме секојдневно – да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани, да бидеме нивна поддршка во најтешките моменти, и да останеме храбри, посветени и човечни, без разлика на околностите.
Денешниот ден е и потсетување дека здравјето е најголемото богатство. Нашата улога како здравствени работници не завршува со работното време. Таа продолжува со секој повик, секој допир, секој спасен живот. Да продолжиме со таа посветеност, со уште поголема енергија, грижа и човечност.
Ви честитам за јубилеите, за храброста и за секојдневната борба за подобро здравје за сите.
Да сте живи и здрави, и нека ни е честит празникот!