Почитувани,

ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов“-Штип, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 101/19, 275/19,122/21 и 193/25), Одлуките бр. 02-265/4 од 08.04.2026 година и бр. 02-265/5 од 08.04.2026 година на Управниот на ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов“-Штип, објавува јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на движни ствари – опрема, кои се дотраени, неупотребливи и технолошки застарени и не можат да се продадат или разменат како такви.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари кои се предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во објектот  на ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов“-Штип, на ул. „ Христијан Карпош“ бр. 1, Штип.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лице за контакт во врска со јавниот повик: Кирил Димитров, телефон: 078/240-431,  електронска адреса: zdstip@zdravstvo.gov.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од архивата на ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов“-Штип, на ул. „ Хистијан Карпош“ бр. 1, Штип или електронски со барање на електронска адреса: zdstip@zdravstvo.gov.mk

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  01.06.2026 година до 10:00 часот.

Документи во прилог:

1. Јавен повик 01-2026

2. Инструкции по јавен повик 01-2026 

3. Прилози и изјави

 

Комисија за спроведување постапка за избор на
правно лице кое врши дејност или поседува дозвола
за собирање и/или транспортирање,
преработка, рециклирање и уништување на отпад