1. СЛУЖБА ЗА ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

    Служба за примарна здравствена заштита ги врши  работите кои се однесуваат на

    • Примарна здравствена заштита во рурални средини (села)
    • Навремено и квалитетно укажување на здравствени услуги во населени места надвор од седиштето на Домот , во селски населени места рурални средини (села) ,
    • Учество во спроведувањето на тимски форми во дејноста на примарната здравствена заштита,
    • Обезбедувањето итна медицинска помош и заменувањето во случај на болест и одмори ,
    • Вршење лекарски прегледи, советувања и други видови на здравствени услуги со цел за утврдување, проверување и следење на здравствената состојба на пациентот ,
    • Следење спроведувањето на здравствениот третман на пациентите што го вршат специјалисти ,
    • Мерење на нивото на гликемија и холестерол во крвта ,
    • Упатување на пациентите во здравствени установи на секундарно ниво ,
    • Прoпишување на лекови .
    • Примарна здравствена заштита за потребите на осудените и притворените лица сместени во Казнено – поправен дом Штип
    • Навремено и квалитетно укажување на медицински и стоматолошки здравствени услуги на осудените и притворените лица сместени во Казнено – поправен дом Штип,
    • Медицина на трудот
    • Специјалистички прегледи на работниците , утврдување на работната способност за одредени работни места ,
    • Прегледи на кандидати за возачи ,
    • Давање предлози до инвалидско – пензиската комисија за работоспособноста на работниците , за промена на работното место , за пензионирање и др. ,
    • Изготвување анализа за здравствената состојба на прегледаните работници како и условите за работа на техничкиот и технолошкиот процес на работата каде се вршат снимања .
    • Спортска медицина
    • Специјалистички прегледи од областа на спортската медицина на ученици од спортски клубови , професионални спортисти , спортски работници , тренери и рекреативци,
    • Дава стручно мислење за : упис на ученици во спортска гимназија , упис на студенти на факултет за физичко образование , ослободување на ученици и студенти од физичка активност и мислење за способност за спортски натпреварувања,
    • Лекува повредени спортисти / спортски повреди
    • Врши едукација и здравствено просветување од областа на спортската медицина,
    • Изготвува анализа за здравствената состојба на спортисти и спортски работници .
    • Биохемиска -лабораториска дејност
    • Биохемиски испитувања на осигурени и неосигурани лица,
    • Биохемиски испитувања на на децата од предучилишна и училишна возраст согласно програмата за систематски преглед,
    • Биохемиски испитувања на спортисти , работници и сл. ,
    • Поливалентна патронажа

    Спроведување на поливалентна патронажна дејност со услуги од  превентивно куративен карактер кои го опфаќа целото семејство посети на патронажна сестра во домот и тоа Ч

    • Посета на новороденчиња, доенчиња, леунки и давање на совети за доење, исхрана, хигиена, имунизација и примање на терапија ,
    • Посета на бремени жени и давање на совети ,
    • Посета на стари лица со мерење на крвен притисок и шеќер и давање на совети за земање на препишана терапија ,
    • Посета кај школски деца и давање на совети за заштита од наркоманија и алкохолизам ,
    • Посета во домот на стари хронично болни лица
    • Соработка со докторите од превентивата, педијатри и гинеколози и со здравствени и други установи од подрачјето на општина Шти и
    • Врши други работи и задачи во согласност со законот за здравствена заштита и Програмите на Владатана Република Македонија и акциите на Министерството за здравство.
    • Обезбедување со лекови
    • Навремено обезбедувањето на Домот со лекови , медицински средства ( стоматолошки потрошен материјал , санитетски материјал , реагенси и сл.) , хемикалии и сл . ,
    • Утврдување на потребите од набавка на лекови , медицински средства и сл.  и  требовање на истите  согласно спроведени јавни набавки ,
    • Контрола на цените од добиените лекови , медицински средства и сл. ,
    • Снабдување на службите и ординациите со лекови , медицински средства и сл. ,
    • Материјално – финансиска евиденција на приемот и издавањето на лекови , медицински средства и сл. ,
    • Контрола на роковите за употреба на добиените лекови, медицински средства и сл.