Службата за превентивна здравствена заштита (Службата за вакцинација) при ЈЗУ Здравствен дом ”д-р Панче Караѓозов” Штип, ги известува граѓаните на општина Штип и општина Карбинци дека од месец Април 2025 година ќе воведе попладневна смена еднаш неделно (секоја среда) се со цел да се зголеми достапноста до вакцините и да им се овозможи на вработените родители кои работат претпладне да ги вакцинираат своите деца навремено, согласно Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2025 година (Сл. весник 29/25).
Нашиот тим од искусни педијатри Ви стои на располагање за било какви информации околу вакцинирањето на Вашите најмили.

Со почит,

ВД Директор
спец. д-р Горан Андонов