По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом “д-р Панче Караѓозов” Штип упатува порака за заедништво, одговорност и доверба во науката како темел на јавното здравје.
Под мотото „Заедно за здравјето. Застанете со науката“, овогодинешното одбележување нѐ потсетува дека заштитата и унапредувањето на здравјето се заедничка обврска на сите – институциите, здравствените работници и граѓаните.
Во време на современи здравствени предизвици, научните докази, превенцијата и меѓусекторската соработка се клучни за градење поотпорни, побезбедни и поздрави заедници. ЈЗУ Здравствен дом Штип останува посветен на унапредување на здравјето, навремената превенција, едукација и грижа за секој поединец. Да бидеме заедно за здравјето. Да застанеме со науката.
Традиционално и оваа година, беа доделени јубилејни награди за 20 години непрекинат работен стаж на:
– д-р Александар Стојанов и
– Нада Ѓоргова ,
За 30 години непрекинат работен стаж на:
– д-р Валентина Милосављевиќ Спасова,
– Наталија Дечовски,
– Снежана Мартиновска и
– Лидија Коцева
И за 40 години непрекинат работен стаж во институцијата на:
– Сузана Николова .
Додека пак вработен кој се пензионираше во претходната година е
– мс Верица Лазарева од Службата за ИМП.
Исто така беа доделени и Благодарници на дел од нашиот колектив кои во изминатава година дадоа посебен придонес и исклучителна посветеност во унапредувањето на работата на нашата институција а тоа е Службата за примарна здравствена заштита –
✔️Медицина на труд и
✔️Спортска медицина кои имаа 4 пати поголем обем на работа во 2025 година во споредба со 2024 година,
✔️Биохемиската лабораторија со извршени 900 000 анализи во 2025 година во споредба со 805 000 анализи во 2024 година и на
✔️дипл. психолог Марија Николова без чија професионалност, стручност и личен придонес, оваа служба немаше да го постигне овој број на прегледи.